| Нови едукации за безбедност на интернет во Битола |
|
|
|
Средното училиште „Таки Даскало“ и основното „Коле Канински“ беа опфатени со едукации за безбедно користење на интернет од страна на децата во текот на овој месец. Во средното училиште се одржаа 4 едукации и тоа 3 за средношколците и 1 за наставниците, додека за родителите едукација не се одржа. Во основното училиште се одржаа сите 5 предвидени едукации.
Со едукациите беа опфатени 90 средношколци и 95 ученици од основното
училиште. 5 наставници од едното и 12 од другото училиште ја проследија
едукацијата и вкупно 24 родители на учениците од „Коле Канински“. Во
двете училишта едукативните материјали се распределени помеѓу
учениците, наставниците и родителите, додека дел од нив е оставен во
училиштето.
Впечатокот од одржаните едукации во средното училиште е доста позитивен според тоа колку учениците беа заинтересирани за одржаните презентации, додека помеѓу наставниците е забележана помала заинтересираност и разбирање.
Во основното училиште пак, покрај учениците, и наставниците покажаа
голем интерес за презентациите, се развиваа дискусии на темата и се потенцираше нејзината важност и значење за младите. Родителите исто така покажаа огромен интерес и
предложија во иднина да има што повеќе презентации од ваков тип. Беше
договорено да се направи јавна трибина на оваа тема на која што би
учествувале сите заинтересирани граѓани.
Едукациите ги изведоа Дејан Додовски и Ивона Крстевска. |
| < I mëparshmi | Tjetri > |
|---|













