|
Уште 4 училишта во Охрид беа опфатени со едукации за безбедно користење на интернет во текот на изминатите 2 недели. За разлика од едукациите спроведени во текот на минатата учебна година, овој пат се презентираше само на македонски јазик. Едукациите ги реализираа Марија Пупиноска Гогова и Катерина Ситникоска.
Марија Пупиноска Гогова ги реализираше едукациите во основните училишта
„Христо Узунов” и „Св. Климент Охридски”. Во двете училишта се
организираа по 3 едукации за учениците и по 1 за родителите и
наставниците, додека една дополнителна едукација беше реализирана за
родителите на учениците од основното училиште „Братство Единство”, каде
едукации се изведуваа во мај.
На овој начин, со едукација за безбедно
користење на интернет од страна на децата, се здобија 90 ученици од
„Христо Узунов” и 80 од „Св. Климент Охридски”, 5 наставници од едното
и 25 од другото училиште, додека на средбите за родители присуствуваа 7
слушатели на една едукација и по 10 на останатите 2.
Во „Христо Узунов” не беше масовна посетата од родителите, но оние
родители и наставници кои ги следеа едукациите, како и самите ученици,
покажаа голем интерес и задоволство од едукациите, желба за стекнување
на нови знаења и искуства во заштитата на интернет.
Изјава од родител: Ми се допадна предавањето, и во иднина очекувам повторна средба. Јас сум мајка и ние често со моите деца користиме интернет за податоци и комуникација.
|
На едукациите за возрасните во „Св. Климент Охридски”, присуствуваше
целиот наставен кадар и голем број членови од советот на родители. Сите
целни групи покажа
а големо задоволство од едукациите и договорена е
повторна средба за демонстрирање на некој од понудените програми за
родителска контрола.
Изјава од ученик од „Св. Климент Охридски“: Јас во мојот дом користам интернет, ама не знаев дека не е толку безбедно, додека контактирам со непознати другарчиња на HI5. Многу често ги пишував моите лични податоци, адреса и мојот e-mail. На едукацијата научив дека не треба детално да давам податоци.
|
Изјава од родител: За предавањето сакам да дадам пофалби, како и за целата идеја да се направи проект со ваква тема и содржина. Согледувајќи ги фактите кои ни ги прикажа професорката од презентацијата, сакам да ја потенцирам катастрофалната состојба која ја предизвикува неинформираноста за опасностите на интернетот. Јас како родител чие дете користи интернет, а воедно и како корисник на интернет од ова предавање научив повеќе за тоа како би можел да го контролирам моето дете.
|
Едукаторот Катерина Ситникоска, опфати уште две училишта во истиот
град. Во средното училиште „Св. Наум Охридски” беа одржани 5 едукации
со кои беа опфатени 60 ученици, 5 наставника и 17 родители. Едукациите
со сите целни групи поминаа во најдобар ред, но најкорисни совети за
побезбедно користење на интернетот, добија средношколците.
| Изјава од родител: Предавањето за безбедно користење на интернет беше многу поучно и корисно. Со тоа ни се овозможи на нас родителите побезбедно да ги усмеруваме децата во користењето интернет и да ја зголемиме нивната безбедност. Пофалби и благодарност до наставничката Марија за професиналното и разбирливо усмерување на нас родителите. |
Во основното училиште „Кочо Рацин” пак, со исто толку одржани
презентации, се опфатија 80 ученици, 4 наставника и 20 родители.
Наставниците во ова училиште, а особено директорката, беше
презадоволна од самата идеја за покренување и за спроведување на проект
на оваа тема. Родителите беа многу задоволни и подготвени за
понатамошна соработка и нови едукации за поголема безбедност на децата
на интернет.
Изјава од ученичка од „Кочо Рацин“: Оваа презентација беше навистина убава и корисна. Ни помогна да научиме како да се однесуваме подобро на интернет и како да ги препознаваме добрите и „лошите“ пријатели. Научивме многу од презентацијата.
|
|