Насловна arrow Вести arrow Во Штип, едукации за безбедно користење на интернет уште во две основни училишта
Во Штип, едукации за безбедно користење на интернет уште во две основни училишта Испечати Е-пошта
Toso-Arsov-intro-mala.png
 
Минатата недела во Штип беа реализирани 10 нови едукации за безбедно користење на интернет од страна на децата. По 5 едукации се реализираа во основните училишта „Гоце Делчев“ и „Тошо Арсов“. Едукациите ги спроведоа Гоце Коцески и Душан Миланов.

Во двете училишта се реализираа по 3 едукации за учениците и по една за наставниците и родителите. Во „Гоце Делчев“, едукациите ги проследија 92 ученика, 15 наставници и 12 родители. Едукациите за децата се одвиваа во компјутерски опремената училница во училиштето за време на часот по информатика, во присуство на професорот по информатика. Со едукациите беа опфатени учениците од осмо одделение. Едукацијата за наставниците се реализираше во наставничката канцеларија. Забележан е голем интерес за темата, но и познавање на истата од страна на некои од присутните. По спроведената едукација со родителите пак, се отвори дискусија за поголема контрола и потреба од повеќе едукација, со цел поголема заштита на децата додека користат интернет.

goce-delcev-1-mala.png
goce-delcev2-mala.png
goce-delcev-3-mala.png
Goce-Delcev-4-mala.png
Goce-Delcev-5-mala.png
goce-delcev-6-mala.png
 
Изјава на наставникот по информатика во училиштето:
 
Кое е вашето мислење за проектот CRISP? – Имајќи ја во предвид се поголемата употреба на интернетот кај сите категории на граѓани, а посебно кај младите се наметнува потребата од нивна едукација со цел да се запознаат како со позитивните, така и со негативните аспекти на интернетот.
Дали мислите дека проектот ќе ја оствари својата цел? – Доколку се изведува во континуитет повеќе години, а не само една година најверојатно дека ќе даде резултати кај поголемиот дел.
Препораки за подобри резултати – да се збогати презентацијата со повеќе практични примери имајќи во предвид дека станува збор за помлади слушатели кај кој што не се докрај изградени етичките и моралните вредности

Во училиштето „Тошо Арсов“ се спроведоа 3 едукации за 257 ученици, една едукација за 18 наставници и една за 16 родители. Едукациите поминаа добро, со вклученост на учениците, желба за придонес од страна на наставниците и изразена заинтересираност од родителите.
 
Изјава на наставник: 
 
Кое е вашето мислење за спроведените едукации? – Едукацијата беше прекрасна, потребно беше оваа едукација да ја имаше порано уште пред да почне масовната употреба на интернетот.
Дали едукациите ја остварија својата цел? – Доколку доволно се обучат наставниците и учениците, за малку подолг период целта неизбежно би била остварена.
Кое е вашето мислење како може да се подобри безбедноста на децата? – Со поголема контрола од страна на родителите и на часовите по информатика, но под услов и родителите и наставниците да се упатени во оваа проблематика


Изјава на  класен раководител: 
 
Како според вас би можело да се работи во насока на подобрување на безбедноста на децата на интернет? – Како мој совет би предложила да се опфатат што е можно повеќе ученици во рамките на класните часови на кои што наместо наставниците часовите би ги држеле помлади лица упатени во областа.
 
< Претходно   Следно >
Powered by Joomla!   Implementation by Metamorphosis
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates