Насловна arrow Вести arrow Спроведени новите едукации во Прилеп
Спроведени новите едукации во Прилеп Испечати Е-пошта
prilep-novi-intro-mala.png
 
Од 9 до 14 ноември, во основното училиште „Климент Охридски“ во Прилеп се реализираа 5 едукации за безбедно користење на интернет од страна на децата. Едукациите ги спроведе Талија Бабоска од Центарот за граѓанска иницијатива.

Со едукациите беа опфатени 60 ученици, 20 наставници и 40 родители. Покрај презентацијата, на едукациите се распределуваа и едукативни материјали. Родителите и наставниците добија по еден примерок од водичот и намалена верзија од постерот кој ги содржи правата на децата на интернет. Некои од децата добија примероци од постерот, други од летокот за вешто користење на интернетот. Брошурите за заштита на личните податоци на интернет им беа презентирани на учениците, а потоа оставени во училиштето.

prilep-novi-1-mala.png
prilep-novi-2-mala.png
prilep-novi-3-mala.png
prilep-novi-4-mala.png
prilep-novi-5-mala.png
prilep-novi-6-mala.png
 
Општиот впечаток за одржаните едукации е дека во однос на претходно спроведените во овој град, учениците се повеќе запознаени со начините за безбедно користење на интернетот, како и самите наставници кои допринесуваат во тоа. Сепак, голем број од децата имаат доживеано разни непријатни искуства, додека голем дел од родителите имаат изразено несигурност во она што нивните деца го прават додека користат интернет, како резултат на непознавањето за работа на компјутер.

Во продолжение можете да прочитате неколку изјави од учесниците на едукациите.

Изјава од родител: Јас сум родител на дете од прво одделение и оваа едукација навистина беше корисна и поучна за сите нас, бидејќи ни беше укажано на позитивните нешта што ги нуди интернетот, како да ги насочиме нашите деца да го извлечат корисното од интернетот, а воедно и да ги контролираме и укажуваме како да бидат претпазливи на интернет.

Изјава од родител: Во нашиот дом имаме куќни правила и посебни ограничувања за тоа колку време може да се поминува на интернет. Јас во секоја прилика се трудам да го контролирам моето дете што работи на интернет, а воедно и да го упатам на добрите страни кои се полезни за него и можи да ги користи.

Изјава од ученик: Наставничката неколку пати ни има кажано како да бидеме внимателни и претпазливи дека не треба да разговараме со непознати. На оваа едукација научивме многу корисни нешта, а  од страна на едукаторот бевме упатени да користиме и неколку корисни страни.

Изјава од ученик: На Skype или на  MSN кога ќе ми се вклучи некој непознат јас веднаш го блокирам. А мојата другарка имаше такво искуство што тој навалуваше да се запознаат лично. Јас ја спречив велејќи и дека не знае за каква личност се работи и другарка ми не се појави на средбата.

Изјава од наставник: Едукацијата беше многу корисна и пожелно е да има и други во иднина. Со имплементацијата на  новиот проект на Владата на РМ „ Компјутер за секое дете“, навистина не сме свесни какви се опасности и непријатни ситуации можат да настанат заради незнаењето или невниманието при користењето на интернетот.
 
< Претходно   Следно >
Powered by Joomla!   Implementation by Metamorphosis
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates