| Едукации во ОУ „Јан Амос Коменски“ |
|
|
|
Во текот на минатата недела, од 13-ти до 15-ти октомври се реализираа едукациите за безбедно користење на интернет од страна на учениците во основното училиште „Јан Амос Коменски“ во Скопје. Едукациите ги реализираше Ирина Шумадиева од Метаморфозис.
Со едукациите во ова училиште, беа опфатени ученици од шесто, седмо и осмо одделение. На шесте едукации учествуваа вкупно 139 ученици, при што едната ја проследија две одделенија одеднаш, едно осмо и едно шесто. За време на сите едукации, во училницата беше присутна професорката по информатика.
Изјава од ученички во ОУ „Јан Амос Коменски“:
Училиштето и учесниците на едукациите добија примероци од сите едукативни материјали кои беа издадени во рамките на проектот. Постерите беа дадени на училиштето, но по неколку примероци им беа делени на самите ученици за време на едукациите, додека други добиваа примероци од летокот за вешто користење на интернет. Брошурата за заштита на личните податоци на интернет, во 15 примерока остана за училишната библиотека, каде професорката повеќе пати ги повикуваше учениците да ја позајмат, иако 3-4 брошури останаа и во компјутерската училница по информатика со цел да им бидат постојано достапни на учениците.
Уште првиот ден, за време на големиот одмор, беше организирано предавањето за наставниците на кое присутни беа околу 30. За време на презентацијата, на сите наставници им беа распределени водичи.
Сите едукации поминаа добро. Децата слушаа внимателно, учествуваа активно во дискусии и беа расположени да ги споделуваат случките кои тие ги доживеале на интернет. Со наставниците презентацијата помина солидно, иако немаше доволно време за да се поразговара на темата.
Изјава од професорката по информатика во ОУ „Јан Амос Коменски“:
Едукацијата за родители беше планирано да се реализира при состанување на советот на родители. Оваа едукација не се одржа.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|







