Насловна arrow Вести arrow Излезе водичот „безбедно на интернет“ за родители и наставници
Излезе водичот „безбедно на интернет“ за родители и наставници Испечати Е-пошта
vodici.png
 
 
Излезе петтиот по ред водич на фондацијата Метаморфозис, насловен „безбедно на интернет“, а наменет пред се на родителите, иако корисен и за наставниците во училиштата, како и за новинарите како претставници на медиумите.

Водичот има нов дизајн, испечатен е во две бои, на 16 страници, во вкупно 1800 примероци. 1200 примероци беа испечатени на македонски јазик, додека останатите 600 се на албански. Истите се наменети за делење на родителите и наставниците во училиштата каде што се одржуваат едукативни презентации на оваа тема, како и во други училишта, институции и организации кои би имале корист од него.

Двата водичи, како и сите досега издадени публикации во рамките на овој проект, се достапни за преземање од веб-сајтот на проектот, и тоа во верзија на македонски јазик и верзија на албански. Содржините на водичите во дигитална форма се објавени под Криејтив комонс лиценцата Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5 Македонија.

Водичот е издаден во рамките на проектот „Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет“ кој го спроведува фондацијата Метаморфозис и кој ќе заврши до крајот на овој месец.
 
< Претходно   Следно >
Powered by Joomla!   Implementation by Metamorphosis
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates