Насловна arrow Вести arrow Во Куманово едукации за безбедно користење на интернетот одржани и на албански јазик
Во Куманово едукации за безбедно користење на интернетот одржани и на албански јазик Испечати Е-пошта
kumanovo-albanski-intro-mala.png Покрај двете македонски училишта во Куманово, кои беа опфатени со едукации за безбедно користење на интернет, во овој град се одржаа едукации и за учениците, нивните родители и наставниците од две училишта во кои наставата се изведува на албански јазик. Едукациите се спроведоа во основното училиште „Бајрам Шабани“ и во средното техничко училиште „Наце Буѓони“. Истите ги реализираше Али Реџаил во втората половина на месец мај.

Во основното училиште беа организирани едукативни средби за децата од петто, шесто и седмо одделение со кои се опфатени вкупно 100 ученици. Беа одржани и предвидените едукации за наставниците и родителите, секоја со времетраење од половина час.
 kumanovo-albanski-1-mala.png  kumanovo-albanski-2-mala.png

Во средното училиште исто така се спроведоа 3 едукации за учениците од прва, втора и трета година од медицинската, машинската и електро-машинската насока. Беа опфатени исто така 100 ученици, а се случија и предвидените едукации за професорите и родителите.

Во двете училишта, едукациите се спроведени во најдобар ред, слушателите покажаа заинтересираност за темата и задоволство од пренесеното знаење, како и интерес за повеќе вакви едукации во иднина.

 
< Претходно   Следно >
Powered by Joomla!   Implementation by Metamorphosis
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates