|
Во Куманово едукации за безбедно користење на интернетот одржани и на албански јазик |
|
|
 Покрај двете македонски училишта во Куманово, кои беа опфатени со едукации за безбедно користење на интернет, во овој град се одржаа едукации и за учениците, нивните родители и наставниците од две училишта во кои наставата се изведува на албански јазик. Едукациите се спроведоа во основното училиште „Бајрам Шабани“ и во средното техничко училиште „Наце Буѓони“. Истите ги реализираше Али Реџаил во втората половина на месец мај.
Во основното училиште беа организирани едукативни средби за децата од
петто, шесто и седмо одделение со кои се опфатени вкупно 100 ученици.
Беа одржани и предвидените едукации за наставниците и родителите,
секоја со времетраење од половина час.
Во средното училиште исто така се спроведоа 3 едукации за учениците од
прва, втора и трета година од медицинската, машинската и
електро-машинската насока. Беа опфатени исто така 100 ученици, а се
случија и предвидените едукации за професорите и родителите.
Во двете училишта, едукациите се спроведени во најдобар ред,
слушателите покажаа заинтересираност за темата и задоволство од
пренесеното знаење, како и интерес за повеќе вакви едукации во иднина.
|