Добрeдојдовте на веб-сајтот Безбедно на интернет или CRISP
(Children’s Rights on the Internet – Safe and Protected)!
Создаден е да придонесе кон поголема безбедност и заштита на правата и
приватноста на децата на интернет. Сајтот е дел од проектот Заштита и
безбедност на децата и нивните права на интернет (или скратено CRISP)
кој го спроведува Фондација Метаморфозис со финансиска поддршка од
Европската унија.
Овој веб-сајт содржи голем број корисни нешта за децата и тинејџерите,
нивните родители и наставници. Тука ќе најдете совети и насоки за
безбедно уживање во благодетите на интернетот, општи информации за
интернетот како медиум, можностите што ги нуди, опасностите што со себе
ги носи и начините како да се заштитиме од нив.
Содржините на овој веб-сајт се прилагодени на корисници од различни
нивоа (од оние кои што имаат минимално познавање од интернетот, до оние
кои се негови редовни корисници) како и на различни возрасни категории
(деца од основно училиште, тинејџери и возрасни).
|
|