( Дигитални отпечатоци - продолжение, прочитај го првиот дел) 10, 9, 8, 7... одбројувањето започна и скоро е при крај. Долгото лето е пред тебе и сето слободно време ќе можеш да го искористиш за најразновидни активности, помеѓу кои секако ќе биде и играњето игри на твојот компјутер и прегледувањето интересни веб-сајтови на интернет. Тоа што ќе имаш многу време и многу слобода, не значи дека треба да се одрази на твојата одговорност додека си онлајн. И понатаму треба да внимаваш со кого комуницираш, што кажуваш и какви траги оставаш зад себе.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 08.06.2010, вторник
|
|
Lexoni përmbajtjen...
|
|
 Уште само 10 дена до крајот на оваа учебна година. Набрзо ќе можеш да ги фрлиш овогодишните учебници во подрум и да му се посветиш на долгото лето пред тебе. Уживање, дружење, онлајн игри и забава. Но, не го поминувај целото твое слободно време на интернет, гледај повеќе да се дружиш во реалниот живот. Кога пак ќе бидеш онлајн, не заборавај да внимаваш на твоите дигитални отпечатоци. Тие, како и вистинските отпечатоци од твоите прсти, можат да го откријат твојот идентитет.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 01,06.2010, вторник
|
|
Lexoni përmbajtjen...
|
|
Знаењето повеќе странски јазици во денешно време е приоритет на секој млад и перспективен човек. Доколку и ти сакаш да научиш некој од светски најупотребуваните јазици, веб-сајтот chillola.com може да ти помогне да ги научиш основните поими за работите кои те опкружуваат.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 25.05.2010, вторник
|
|
Lexoni përmbajtjen...
|
|
Без разлика дали сакаш да го искористиш твоето слободно време за забава или за дополнително учење, веб сајтот www.kidsites.com може да ти претставува секојдневно катче за креативно надградување и развивање на твоите вештини.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 18.05.2010, вторник
|
|
Lexoni përmbajtjen...
|
|
Иако училишната година е при крај, тоа не значи дека учењето преку забава и дружење мора да заврши за време на летниот период. Доколку сакаш твоето слободно време да го исполниш со корисни и интересни активности, на веб-сајтот www.mediaart.mk можеш да дознаеш многу повеќе за програмата која ќе ја спроведува ново отворениот центар за деца од 4 до 12 години.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 11.05.2010, вторник
|
|
Lexoni përmbajtjen...
|
|
Да се учи низ забава е најдобро. Низ забава и дружење пак, е уште поинтересно. Керотстикс е веб-сајт за деца кои можат да учат математика во виртуелна средина на забавен начин.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 04.05.2010, вторник
|
|
Lexoni përmbajtjen...
|
|
 Понекогаш, незгодни работи се случуваат сосема случајно. Не мора секогаш друго лице да ни ја разоткрие приватноста или самите нешто да погрешиме за да доживееме непријатност на интернет. За ова е потврда следнава вистинска случка.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 27.04.2010, вторник
|
|
Lexoni përmbajtjen...
|
|
 Имиџот ни е важен на сите. Важно ни е што луѓето мислат за нас, како не доживуваат, што коментираат и дали не почитуваат. Со новите можности кои ги нуди интернетот, имиџот може да се подобри за миг, а ние можеме да станеме попопуларни и поинтересни за поголема група луѓе одеднаш. За жал, исто толку едноставно некој може да постави нешто на интернет заради кое луѓето можат да го сменат мислењето за нас. Ваков пример е следнава приказна.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 20.04.2010, вторник
|
|
Lexoni përmbajtjen...
|
|
Злоупотребите и нарушувањето на приватноста преку Фејсбук никако да престанат. Напротив, креативноста и идеите на луѓето за да прават злобни работи се повеќе се зголемуваат. Случки од ваков тип не ја заобиколуваат ниту нашата земја. Во продолжение прочитај ја приказната за малолетното девојче кое било навредувано преку Фејсбук од страна на друга тинејџерка од истото училиште.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 13.04.2010, вторник
|
|
Lexoni përmbajtjen...
|
|
Поптропика е виртуелен свет за деца кој овозможува истражување и играње во комплетно безбедна средина. Секој месец, милиони деца од целиот свет се забавуваат и се информираат преку потрагите, приказните и игрите во поптропика. Ако сонуваш да патуваш насекаде низ светот, постојано да дознаваш нови нешта и да доживуваш возбудливи авантури, овој сајт може да биде одлично место за тебе, каде ќе можеш да го поминуваш слободното време.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 06.04.2010, вторник
|
|
Lexoni përmbajtjen...
|
|
 Не напразно велиме дека личните податоци се само за себе и дека треба да внимаваме со кого ги споделуваме и за каква цел. Кога станува збор пак за лозинките, нема двоумење – тие се само за тебе, не треба да ги кажуваш ниту на најдобриот другар или другарка. Еве зошто...
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 30.03.2010, вторник
|
|
Lexoni përmbajtjen...
|
|
Фотографијата е личен податок кој открива многу. Доколку се злоупотреби на интернет, може да има многу непријатни последици за личноста која се наоѓа на фотографијата. Еден вистински случај за ваков тип на злоупотреба е раскажан во следнава приказна.
|
|
Lexoni përmbajtjen...
|
|
Не секогаш можеме да ги знаеме вистинските намери на луѓето, особено не на оние кои ги познаваме само од виртуелните средини. Денешната приказна зборува за момче кое искористувајќи ја наивноста и невнимателноста на едно девојче на интернет, создава лажна блискост и пријателство со цел да заработи пари.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 16.03.2010, вторник
|
|
Lexoni përmbajtjen...
|
|
 Проблемите со пробивање на профили на Фејсбук, менување на личните податоци и фотографиите, комуницирање во туѓо име со пријателите на сопственикот на профилот и менување на лозинките за да се оневозможи пристапот, се чести и многубројни. Од ваквите злоупотреби не се поштедени ниту јавните личности и вработените во јавни институции кои држат високи позиции. Таков е неодамнешниот случај со директорот на една болница во Скопје, за кого бил отворен профил на Фејсбук од страна на негов колега.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 09.03.2010, вторник
|
|
Lexoni përmbajtjen...
|
|
 Иако размената на пораки преку имејл е многу едноставна, безбедна и вообичаена работа, не значи дека при тоа треба да заборавиме на правилата кои ја овозможуваат ваквата сигурна и безбедна комуникација. Приказнава зборува за проблем настанат како резултат на пробивање на лозинките на имејл сметките на четворица вработени во една фирма.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 02.03.2010, вторник
|
|
Lexoni përmbajtjen...
|
|
|