Злоупотребите и нарушувањето на приватноста преку Фејсбук никако да престанат. Напротив, креативноста и идеите на луѓето за да прават злобни работи се повеќе се зголемуваат. Случки од ваков тип не ја заобиколуваат ниту нашата земја. Во продолжение прочитај ја приказната за малолетното девојче кое било навредувано преку Фејсбук од страна на друга тинејџерка од истото училиште.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 13.04.2010, вторник
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
Поптропика е виртуелен свет за деца кој овозможува истражување и играње во комплетно безбедна средина. Секој месец, милиони деца од целиот свет се забавуваат и се информираат преку потрагите, приказните и игрите во поптропика. Ако сонуваш да патуваш насекаде низ светот, постојано да дознаваш нови нешта и да доживуваш возбудливи авантури, овој сајт може да биде одлично место за тебе, каде ќе можеш да го поминуваш слободното време.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 06.04.2010, вторник
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
 Не напразно велиме дека личните податоци се само за себе и дека треба да внимаваме со кого ги споделуваме и за каква цел. Кога станува збор пак за лозинките, нема двоумење – тие се само за тебе, не треба да ги кажуваш ниту на најдобриот другар или другарка. Еве зошто...
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 30.03.2010, вторник
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
Фотографијата е личен податок кој открива многу. Доколку се злоупотреби на интернет, може да има многу непријатни последици за личноста која се наоѓа на фотографијата. Еден вистински случај за ваков тип на злоупотреба е раскажан во следнава приказна.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
Не секогаш можеме да ги знаеме вистинските намери на луѓето, особено не на оние кои ги познаваме само од виртуелните средини. Денешната приказна зборува за момче кое искористувајќи ја наивноста и невнимателноста на едно девојче на интернет, создава лажна блискост и пријателство со цел да заработи пари.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 16.03.2010, вторник
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
 Проблемите со пробивање на профили на Фејсбук, менување на личните податоци и фотографиите, комуницирање во туѓо име со пријателите на сопственикот на профилот и менување на лозинките за да се оневозможи пристапот, се чести и многубројни. Од ваквите злоупотреби не се поштедени ниту јавните личности и вработените во јавни институции кои држат високи позиции. Таков е неодамнешниот случај со директорот на една болница во Скопје, за кого бил отворен профил на Фејсбук од страна на негов колега.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 09.03.2010, вторник
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
 Иако размената на пораки преку имејл е многу едноставна, безбедна и вообичаена работа, не значи дека при тоа треба да заборавиме на правилата кои ја овозможуваат ваквата сигурна и безбедна комуникација. Приказнава зборува за проблем настанат како резултат на пробивање на лозинките на имејл сметките на четворица вработени во една фирма.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 02.03.2010, вторник
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
 Вистинската случка во денешниот број на „Колибри“ е пример за тоа колку големи опасности можат да произлезат од непретпазливо стапување во контакт со непознати луѓе на интернет, особено во собите за муабетење. Станува збор за петнаесет годишно девојче од Масачусетс, чие онлајн дружење со непознат пар, од нудење помош прераснува во злоупотреба. Случката е од 2002 година.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 23.02.2010, вторник
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
 Луѓето кои сакаат да му наштетат некому ќе го направат тоа во реалниот или во виртуелниот свет. За несреќа, виртуелниот често содава чувство на поголема слобода и им дава на оние кои сакаат да напакостат дополнителен и полесен начин за да го остварат тоа. Жртва на ваков човек може да биде секој, но многу често, особен предизвик за ваквите злобници се јавните и угледни личности. Следнава вистинска случка е пример за злоупотреба на личните податоци на една угледна новинарка од Македонија.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 16.02.2010, вторник
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
 Замисли си онлајн средина во која можеш да се чувствуваш тотално безбедно, додека истовремено ги имаш сите можности за дружење, забавување и играње. Таква средина постои и згора на сè е место во кое сите се пингвини, а твоето приклучување ќе те направи и тебе еден од нив. Клубот на пингвините прима членови кои сакаат да бидат безбедни, кои ги почитуваат правилата за несподелување на лични податоци онлајн и кои не се служат со измама и навреди во комуникацијата со другите.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 09.02.2010, вторник
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
 Редовните читатели на оваа рубрика веќе сигурно добро ја знаат приказната за Џереми од Австралија и за неговиот онлајн пријател, кој наместо негов врсник, излегло дека е возрасен маж. Вистинската случка зад оваа приказна завршува со позитивен крај, но не значи дека така би се случило во секоја друга ситуација. Затоа треба да бидеме многу претпазливи со кого комуницираме онлајн, да знаеме до кој степен можеме да им веруваме на онлајн пријателите и кога и како треба да постапиме доколку онлајн пријателот од другата страна на мониторот не повика на средба.
Во минатите 2 броја на Колибри пренесовме дел од предлозите на
Австралиската влада за зголемување на безбедноста на младите на
интернет и намалување на потенцијалните опасности преку зголемување на
знаењето и свеста за истите. Во денешниот број завршуваме со последниот
предлог.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 26.01.2010, вторник
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
 Веројатно веќе ја имаш прочитано приказната за Џереми – момчето од Австралија кое мислејќи дека стекнатиот онлајн пријател е негов врсник, се доведе во многу опасна ситуација, која за среќа навреме беше сопрена од австралиската полиција. Во денешниот број, прочитај за втората мерка за зголемување на безбедноста на децата на интернет, што ја предлага австралиската влада, која ти треба да ја предложиш во твоето училиште. Потсети се и на првата мерка, која беше опишана во минатото издание на „Колибри“.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 02.02.2010, вторник
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
 Во минатиот број на „Колибри“, раскажавме една вистинска случка за момче од Австралија кое било заведено од непозната возрасна личност преку интернет, а која се претставувала како негов врсник. Ако ја пропушти приказната тогаш, истата можеш да ја најдеш на www.crisp.org.mk, како и во онлајн изданието на „Колибри“ , а во овој број, како што ветивме, ќе можеш да прочиташ за мерките и предлозите кои ги изнесува австралиската влада во проектот за заштита на децата од интернет опасностите.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 12.01.2010, вторник
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
 Иако интернетот можеш да го користиш за многу интересни и корисни работи како што се добивање информации за твоите училишни проекти, комуницирање со твоите блиски пријатели, онлајн учење, играње забавни видео игри и многу други работи, сепак треба да имаш на ум дека не секој се однесува морално и етички кога е онлајн. Треба да внимаваш каде и какви информации оставаш за себе и да бидеш претпазлив кога комуницираш во т.н. „соби за муабетење“ – да знаеш кому му се доверуваш, бидејќи личноста зад другиот монитор не секогаш е онаа која ти се претставува.
Следнава вистинска приказна зборува токму за лажното претставување во „собите за муабетење“, каде што грешката на едно малолетно момче можела да доведе до катастрофални последици.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 05-07.01.2010, вторник-четврток
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
 Интернетот е неисцрпен извор за сите наши потреби, желби и интереси, оние за кои знаеме и оние за кои не сме ни свесни. Сепак, често претставува проблем да се најде вистинското нешто во вистинскиот момент и за кратко време. Барајќи забавни и интересни содржини, можеме случајно да налетаме на порнографски, расистички, безобразни или друг тип на несоодветни и вознемирувачки содржини. Не срами се ако ти се случи ова, туку веднаш кажи им на родителите, тие ќе знаат што треба да направат. А за да бидеш сигурен дека вакво нешто нема да ти се случи, посетувај
само претходно препорачани извори на содржини за деца.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 29.12.2009, вторник
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|