|
25.08.2008. |
Во вечерните вести на А1 телевизија од 24.08.2008 имаше прилог за детската безбедност на интернет. Прочитајте ја сторијата или појдете директно да го погледнете видеото. Прилогот го подготви Емилија Јовановска.
|
|
|
31.07.2008. |
 Покрај двете македонски училишта во Куманово, кои беа опфатени со едукации за безбедно користење на интернет, во овој град се одржаа едукации и за учениците, нивните родители и наставниците од две училишта во кои наставата се изведува на албански јазик. Едукациите се спроведоа во основното училиште „Бајрам Шабани“ и во средното техничко училиште „Наце Буѓони“. Истите ги реализираше Али Реџаил во втората половина на месец мај.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
31.07.2008. |
Младинскиот културен центар од Битола реализираше серија едукативни средби за безбедно користење на интернетот од страна на децата кон крајот на изминатата учебна година. Беа опфатени средното училиште „Ѓорѓи Наумов“ и основното „Ѓорѓи Сугарев“. Едукациите се спроведоа на македонски јазик од страна на Дејан Додовски, но помогнаа и Ивона Крстевска и Александар Тодоровски. Со содржината на едукациите се запознаа вкупно 186 ученици од двете училишта, само 6 професори и 8 волонтери од центарот.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
|
|
10.07.2008. |
 Со едукации за безбедно користење на интернет беа опфатени вкупно 8
училишта од Скопје, од кои во 2 наставата се изведува на албански
јазик, а во останатите 6 на македонски. Од сите нив, во 3 едукацијата
ја спроведоа обучените претставници од „ Отворете ги прозорците“, во 2 -
претставници од „ Младинскиот образовен форум“ (МОФ) од Скопје, додека
за останатите 3 училишта одговорноста ја имаше првата Детска амбасада
во светот – „ Меѓаши“.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
9.07.2008. |

Со проектот „Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет“, во текот на месец мај се запознаа и дел од учениците, родителите и наставниците од градовите Струга и Охрид, како и од охридското село Велгошти. Се спроведоа вкупно 20 едукации во овие области, беа опфатени 3 училишта, а содржината се пренесуваше на македонски и албански јазик. „ Младинскиот совет Охрид“ од Охрид ја организираше работата, а професорките Лизана Зиба и Марија Пупиноска-Гогова ја имаа улогата на едукатори.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
7.07.2008. |
Центарот за граѓанска иницијатива од Прилеп, во периодот од 20 мај до 5 јуни ги реализираше предвидените едукации за безбедно користење на интернет во две прилепски училишта и тоа, во основното училиште „Кочо Рацин“ и во средното „Кузман Јосифовски - Питу“. Во улога на едукатори беа Талија Бабоска и Катица Ристовска. Со одржаните едукации во двете училишта беа опфатени вкупно 196 ученици, 60 родители и 38 наставници.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
27.06.2008. |
 Од 21 до 29 мај, беа спроведени едукациите за безбедно користење на интернет во Гостивар и Тетово. Беа опфатени вкупно 4 училишта, односно по 2 во секој од градовите. Во Гостивар, едукации се одржаа во основното училиште „Башкими“ и во средното техничко училиште „Гостивар“, додека во Тетово со едукација за безбедно користење на интернет се здобија учениците, некои од нивните родители и наставниците од ОУ „Братство-Миѓени” и од гимназијата “Кирил Пејчиновиќ”. За сите едукации, задолжен беше едукаторот Агим Мустафаи од „ Асоцијацијата за демократска иницијатива“ (АДИ) од Гостивар, а тие се реализираа на албански јазик.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
26.06.2008. |
 Од 14 до 24 мај, едукаторите Гоце Коцевски и Душан Миланов успешно ги спроведоа едукациите за безбедно користење на интернет од страна на децата во две штипски училишта. По 5 едукативни средби беа одржани во основното училиште „Димитар Влахов“ и средното медицинско училиште „Јане Сандански“. На овие средби присуствуваа вкупно 179 деца и тинејџери, 45 наставници и 40 родители. За реализацијата на едукациите, задолжена беше Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
24.06.2008. |
 Во периодот 19-28 мај, во две училишта во Кавадарци, комплетно и успешно беа спроведени 10-те планирани едукации за безбедно користење на интернет од страна на децата, при што како слушатели учествуваа не само учениците, туку и одреден број на наставници и родители. Дополнително, до крајот на месецот беа спроведени уште 8 едукативни сесии со децата од двете училишта, што зборува за заинтересираноста за темата која ја пројавија слушателите и успехот во доближувањето на истата до интересите и сфаќањата на оние на кои едукациите им беа наменети. За спроведување на едукативната работа во овој град, задолжен беше Советот за превентива против малолетничка деликвенција од Кавадарци.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
24.06.2008. |

Во последното издание на емисијата Ентер која се емитуваше на 21.06.2008, во рамките на рубриката Интернет, беше презентиран веб-сајтот „Безбедно на Интернет“. Кликнете на линкот доколку сакате да го погледнете видеото.
|
|
|
16.06.2008. |
|
Сајбер манијаци ги демнат децата
За 50 часа
разговор во текот на повеќе денови, девојчето не иницирало ниту еден
контакт, но затоа неа ја контактирале 457 пати. Една четвртина
сексуално ја вонемирувале, меѓу нив имало и мажи и жени. Околу
дваесетина пати добила сомнителни понуди; послужила за остварување на
нечии сексуални фантазии, и било понудено решение за "сите проблеми"
Датум на објавување: 09.06.2008
|
|
|
6.06.2008. |
 На 23, 24 и 25 мај, Хуманитарното и добротворно здружение на ромите “ПХУРТ” од Делчево ги спроведе едукациите за безбедно користење на интернет во средното училиште „Методи Митевски Брицо“ во истиот град. Учесници на едукативните средби беа ученици од прва, втора, трета и четврта година, некои од нивните родители, како и професорите кои предаваат во ова училиште.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
6.06.2008. |
 Оваа недела здружението „ Отворете ги прозорците“ од Скопје ги заврши едукациите за заштита на децата на интернет во три училишта во Скопје. Почнувајќи од 22 мај, тие ги реализираа едукативните работилници со учениците од средното училиште за деца со оштетен слух „Партенија Зографски“ заедно со децата од основното училиште „11 Октомври“, потоа со учениците од посебното училиште „Златан Сремац“, а организираа и неколку дополнителни работилници во нивниот центар.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
5.06.2008. |
|
Хуманитарното здружение „Мајка“ од Куманово во последната третина од месец мај, успешно ги заврши едукациите во две училишта во кои наставата се одвива на македонски јазик. Во овој град, организирани беа едукативни сесии во основното училиште „Браќа Миладиновци“ и во средното училиште „Гоце Делчев“. Едукациите ги спроведоа Маргарита Аврамовска и Лидија Илијевска.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|