|
4.06.2008. |

Во периодот од 12 до 26 мај, успешно се спроведоа едукациите за безбедно користење на интернет од страна на децата, во скопското основно училиште „26-ти Јули“. Едукациите ги реализираше Насер Мифтари, професор во споменатото училиште. Со едукативните презентации одржани во „26-ти Јули“, опфатени се 91 ученик, 23 наставници и 21 родител, што ја задоволува посакуваната бројка на учесници во едукациите во едно училиште.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
23.05.2008. |
 Во денешното издание на дневниот весник „ Време“ беше објавена рецензија за веб-сајтот „ Безбедно на интернет“ во рамките на редовната рубрика „ Веб-сајт на денот“ која во електронска форма може да се следи преку истоимениот блог . Рецензијата е од промотивен карактер, односно има за цел да ги запознае читателите со содржината и целите на овој веб-производ. Ова воедно беше третата јавна прмоција на сајтот, покрај останатите две кои претходно се случија во електронски медиуми - „Македонско Радио“ и „МТМ телевизија“.
|
| |
|
|
13.05.2008. |
Со денешното издание на дневниот весник Нова Македонија, за
секој читател бесплатно следуваше и подарок CD со англиско-македонски речник за деца. Речникот опфаќа повеќе
од 8000 често користени зборови, нивен изговор во аудио форма, квиз за интерактивно
учење, како и повеќе од 1000 илустрации за полесно врежување на зборовите во
памтењето на децата. Речникот го издаде „Зона“, може да се користи на сите Windows оперативни системи од Windows 95 па наваму, како и
да се дополнува со сопствени зборови.
|
|
|
12.05.2008. |
 Во рамките на проектот „Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет“ (CRISP), од 6 до 8 мај се одржа едукативен семинар на оваа тема на кој учествуваа претставници од повеќе невладини организации и училишта од Македонија.
Семинарот се одржа во хотелот „Климетица“ во Охрид, а го посетија 34 учесници и 8 луѓе во улога на организатори, презентери и фацилитатори. Од 34-те учесници, дел беа претставници од НВО-ии кои по завршувањето на семинарот треба да ја преземаат улогата на едукатори во училиштата, додека останатите беа наставници од училиштата кои имаа можност да го посетат семинарот со цел да им ги пренесуваат овие знаења на своите ученици во иднина.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
5.05.2008. |
На 6, 7 и 8 мај, во хотелот „Климетица“ во Охрид ќе се одржи едукативен семинар како дел од активностите предвидени во проектот CRISP чиј носител е „ Фондацијата Метаморфозис“, а го спроведува во партнерство со „ Меѓаши“.
Семинарот ќе го проследат околу 40 учесници и тоа, претставници на
НВО-ии и претставници од повеќе основни и средни училишта од
Македонија. Целта на семинарот е да го обезбеди потребното ниво на
едукација од областа на заштитата на децата на интернет, заштитата на
личните податоци, како и на детските права воопшто, што треба да
резултира со квалитетни презентации низ училиштата кои целосно ќе ги
спроведат едукаторите-учесници на семинарот.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
29.04.2008. |
|
Деновиве од печат излезе постер кој ја содржи Повелбата за првата на децата на интернет и се обраќа директно на децата и тинејџерите, потенцирајќи ги нивните основни права на интернет.
Постерот е испечатен на македонски и на албански јазик и неговата цел е
да им ги предочи и да им ги направи достапни правата на децата на
интернет на сите деца кои користат интернет во училиштата или интернет
клубовите низ Македонија.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
18.04.2008. |
|
Во рамките на проектот Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет (CRISP) беше испечатен леток кој содржи 5 корисни правила, наменети на децата и младите, за тоа како да бидат внимателни и вешти интернет корисници, а со тоа и безбедни додека се онлајн.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
17.04.2008. |
|
Брошурата „Ти одлучуваш...“ наменета за деца и млади од средно училиште и од повисоките одделенија во основно училиште, која на крајот на јануари беше објавена на македонски јазик, деновиве излезе од печат и на албански јазик. Брошурата, која на албански јазик го носи насловот „Ti vendos..", е испечатена во 1500 примероци и во рамките на проектот CRISP ќе биде поделена во основните и средните училишта во кои ќе се спроведува проектот. Преземете ја брошурата, во електронска верзија тука.
|
|
|
9.04.2008. |
|
Денес во Меѓаши беше одржана првата неформална средба помеѓу претставниците на повеќето НВО-ии од вкупно десетте кои ќе земат активно учество во изведувањето на едукативните презентации низ училиштата во Македонија кои треба да се реализираат до крајот на оваа учебна година.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
28.02.2008. |
Во рамките на проектот CRISP или Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет, кој фондацијата Метаморфозис го спроведува со поддршка од Европската унија, на 28.01.2008 беше промовирана брошура за заштита на личните податоци на интернет. Оваа брошура, која носи наслов „Ти одлучуваш... Размислувања и факти за заштита на твоите лични податоци“, Метаморфозис ја изработи во соработка со Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП).
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|