Насловна arrow Вести
Извештај од спроведените едукации за безбедно користење на интернет во Кавадарци Испечати Е-пошта
24.06.2008.
kavadarci-delenje-materijal-mala.gif Во периодот 19-28 мај, во две училишта во Кавадарци, комплетно и успешно беа спроведени 10-те планирани едукации за безбедно користење на интернет од страна на децата, при што како слушатели учествуваа не само учениците, туку и одреден број на наставници и родители. Дополнително, до крајот на месецот беа спроведени уште 8 едукативни сесии со децата од двете училишта, што зборува за заинтересираноста за темата која ја пројавија слушателите и успехот во доближувањето на истата до интересите и сфаќањата на оние на кои едукациите им беа наменети. За спроведување на едукативната работа во овој град, задолжен беше Советот за превентива против малолетничка деликвенција од Кавадарци.

Прочитај повеќе...
 
„Безбедно на интернет“ во Ентер Испечати Е-пошта
24.06.2008.
enter.gif
Во последното издание на емисијата Ентер која се емитуваше на 21.06.2008, во рамките на рубриката Интернет, беше презентиран веб-сајтот „Безбедно на Интернет“. Кликнете на линкот доколку сакате да го погледнете видеото.
 
Вечер: Преку интернет до злоупотреба на малолетници Испечати Е-пошта
16.06.2008.
Сајбер манијаци ги демнат децата
 
sajber-manijaci.png За 50 часа разговор во текот на повеќе денови, девојчето не иницирало ниту еден контакт, но затоа неа ја контактирале 457 пати. Една четвртина сексуално ја вонемирувале, меѓу нив имало и мажи и жени. Околу дваесетина пати добила сомнителни понуди; послужила за остварување на нечии сексуални фантазии, и било понудено решение за "сите проблеми"
 
Датум на објавување: 09.06.2008, извор: Вечер  
 
Во Делчево спроведени едукациите во ДСУ „Методи Митевски Брицо“ Испечати Е-пошта
6.06.2008.
1_delcevo_mala.png
На 23, 24 и 25 мај, Хуманитарното и добротворно здружение на ромите “ПХУРТ” од Делчево ги спроведе едукациите за безбедно користење на интернет во средното училиште „Методи Митевски Брицо“ во истиот град. Учесници на едукативните средби беа ученици од прва, втора, трета и четврта година, некои од нивните родители, како и професорите кои предаваат во ова училиште.

Прочитај повеќе...
 
„Отворете ги прозорците“ ги спроведоа едукациите во три скопски училишта Испечати Е-пошта
6.06.2008.
partenija_02-mala.png
 
Оваа недела здружението „Отворете ги прозорците“ од Скопје ги заврши едукациите за заштита на децата на интернет во три училишта во Скопје. Почнувајќи од 22 мај, тие ги реализираа едукативните работилници со учениците од средното училиште за деца со оштетен слух „Партенија Зографски“ заедно со децата од основното училиште „11 Октомври“, потоа со учениците од посебното основно училиште „Златен Сремац“, а организираа и неколку дополнителни работилници во нивниот центар.

Прочитај повеќе...
 
Во Куманово завршени едукациите за заштита на децата на интернет на македонски јазик Испечати Е-пошта
5.06.2008.
kumanovo-intro-mala.png
 
Хуманитарното здружение „Мајка“ од Куманово во последната третина од месец мај, успешно ги заврши едукациите во две училишта во кои наставата се одвива на македонски јазик. Во овој град, организирани беа едукативни сесии во основното училиште „Браќа Миладиновци“ и во средното училиште „Гоце Делчев“. Едукациите ги спроведоа Маргарита Аврамовска и Лидија Илијевска.
 
Прочитај повеќе...
 
Завршени едукациите во ОУ „26-ти Јули“ Испечати Е-пошта
4.06.2008.
26-juli-intro-mala.png Во периодот од 12 до 26 мај, успешно се спроведоа едукациите за безбедно користење на интернет од страна на децата, во скопското основно училиште „26-ти Јули“. Едукациите ги реализираше Насер Мифтари, професор во споменатото училиште. Со едукативните презентации одржани во „26-ти Јули“, опфатени се 91 ученик, 23 наставници и 21 родител,  што ја задоволува посакуваната бројка на учесници во едукациите во едно училиште.

Прочитај повеќе...
 
Рецензија на веб-сајтот „Безбедно на интернет“ во „Време“ Испечати Е-пошта
23.05.2008.
crisp-vo-vreme.pngВо денешното издание на дневниот весник „Време“ беше објавена рецензија за веб-сајтот „Безбедно на интернет“ во рамките на редовната рубрика „Веб-сајт на денот“ која во електронска форма може да се следи преку истоимениот блог . Рецензијата е од промотивен карактер, односно има за цел да ги запознае читателите со содржината и целите на овој веб-производ. Ова воедно беше третата јавна прмоција на сајтот, покрај останатите две кои претходно се случија во електронски медиуми - „Македонско Радио“ и „МТМ телевизија“.
 
Почнаа едукациите во училиштата Испечати Е-пошта
21.05.2008.
По еднонеделните подготовки кои се случуваа во периодот од 12 до 16 мај, едукаторите кои беа обучени на претходно одржаниот семинар на тема „Заштита и безбедност на децата и нивните права на Интернет“, во рамките на истоимениот проект, оваа недела почнаа со спроведување на едукативните презентации во училиштата.

Досега, план за работа понудија следните НВО-ии: „Младински Образовен Форум“ (МОФ) и „Отворете ги прозорците“ од Скопје, „Центар за граѓанска иницијатива“ од Прилеп, „Младински културен центар“ (МКЦ) од Битола, „Пхурт “од Делчево, „Фондација за развој на локалната заедница“ од Штип и „Совет за превентива против малолетничка деликвенција“ од Кавадарци.  Покрај овие, во подготовки се и останатите НВО-ии кои со презентации треба да покријат уште 5 други градови од Македонија.

Прочитај повеќе...
 
Бесплатен англиско-македонски речник за деца Испечати Е-пошта
13.05.2008.
zona-recnik.png
Со денешното издание на дневниот весник Нова Македонија, за секој читател бесплатно следуваше и подарок CD со англиско-македонски речник за деца. Речникот опфаќа повеќе од 8000 често користени зборови, нивен изговор во аудио форма, квиз за интерактивно учење, како и повеќе од 1000 илустрации за полесно врежување на зборовите во памтењето на децата. Речникот го издаде „Зона“,  може да се користи на сите Windows оперативни системи од Windows 95 па наваму, како и да се дополнува со сопствени зборови.

 

 
Се одржа едукативниот семинар за безбедно користење на интернет од страна на децата Испечати Е-пошта
12.05.2008.
otvoranje-na-seminarot-mala.pngВо рамките на проектот „Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет“ (CRISP), од 6 до 8 мај се одржа едукативен семинар на оваа тема на кој учествуваа претставници од повеќе невладини организации и училишта од Македонија.   

Семинарот се одржа во хотелот „Климетица“ во Охрид, а го посетија 34 учесници и 8 луѓе во улога на организатори, презентери и фацилитатори. Од 34-те учесници, дел беа претставници од НВО-ии кои по завршувањето на семинарот треба да ја преземаат улогата на едукатори во училиштата, додека останатите беа наставници од училиштата кои имаа можност да го посетат семинарот со цел да им ги пренесуваат овие знаења на своите ученици во иднина.
Прочитај повеќе...
 
Едукативен семинар во Охрид Испечати Е-пошта
5.05.2008.
На 6, 7 и 8 мај, во хотелот „Климетица“ во Охрид ќе се одржи едукативен семинар како дел од активностите предвидени во проектот CRISP чиј носител е „Фондацијата Метаморфозис“, а го спроведува во партнерство со „Меѓаши“.

Семинарот ќе го проследат околу 40 учесници и тоа, претставници на НВО-ии и претставници од повеќе основни и средни училишта од Македонија. Целта на семинарот е да го обезбеди потребното ниво на едукација од областа на заштитата на децата на интернет, заштитата на личните податоци, како и на детските права воопшто, што треба да резултира со квалитетни презентации низ училиштата кои целосно ќе ги спроведат едукаторите-учесници на семинарот.
Прочитај повеќе...
 
Испечатен постер со Повелбата за правата на децата на интернет Испечати Е-пошта
29.04.2008.
poster_mak.gif
 
 
Деновиве од печат излезе постер кој ја содржи Повелбата за првата на децата на интернет и се обраќа директно на децата и тинејџерите, потенцирајќи ги нивните основни права на интернет.
 
Постерот е испечатен на македонски и на албански јазик и неговата цел е да им ги предочи и да им ги направи достапни правата на децата на интернет на сите деца кои користат интернет во училиштата или интернет клубовите низ Македонија.

Прочитај повеќе...
 
Едукативни летоци за тоа како да се биде вешт интернет корисник Испечати Е-пошта
18.04.2008.
letok_mak.gif
 
Во рамките на проектот Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет (CRISP) беше испечатен леток кој содржи 5 корисни правила, наменети на децата и младите, за тоа како да бидат внимателни и вешти интернет корисници, а со тоа и безбедни додека се онлајн.
Прочитај повеќе...
 
Брошурата „Ти одлучуваш...“ објавена и на албански јазик Испечати Е-пошта
17.04.2008.
brosura_mala_al.gif
 
Брошурата „Ти одлучуваш...“ наменета за деца и млади од средно училиште и од повисоките одделенија во основно училиште, која на крајот на јануари беше објавена на македонски јазик, деновиве излезе од печат и на албански јазик. Брошурата, која на албански јазик го носи насловот „Ti vendos..", е испечатена во 1500 примероци и во рамките на проектот CRISP ќе биде поделена во основните и средните училишта во кои ќе се спроведува проектот. Преземете ја брошурата, во електронска верзија тука.
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 Следна > Крај >>

Резултати 31 - 45 од 47
Powered by Joomla!   Implementation by Metamorphosis
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates