Насловна arrow Вести
Извештај од новите реализирани едукации од страна на „Отворете ги прозорците“ Испечати Е-пошта
10.11.2008.
otw-intro-mala.png
Во октомври, кон процесот на едукација и подигнување на свеста за побезбедно користење на интернетот, помеѓу децата, родителите и наставниот кадар, се приклучија и две претставнички од „Отворете ги прозорците“ кои работеа во улога на едукатори: Радмила Стојковска и Маргарита Гулевска. Тие ги опфатија двете скопски основни училишта: „Димо Хаџи Димов“ и „Лазо Трповски“.

Прочитај повеќе...
 
Уште 3 училишта во Кавадарци добија едукација за внимателно користење на интернетот Испечати Е-пошта
6.11.2008.
kavadarci-intro-mala.png
Гимназијата „Добри Даскалов“, како и основните училишта „Тоде Хаџи-Тефов“ и „Димката Ангелов - Габерот“ во Кавадарци, се здобија со едукација за вешто, внимателно и безбедно користење на интернетот во текот на изминатиот месец. Беа опфатени голем број на ученици во сите училишта. Работата на едукатор, како и во првата фаза, и овој пат ја имаше Гордана Богева.

Прочитај повеќе...
 
Едукации во Делчево и Македонска Каменица Испечати Е-пошта
4.11.2008.
delcevo-intro-mala.png
 
Во октомври, се реализираа едукации за безбедно користење на интернет од страна на децата во едно делчевско училиште, едно во селото Тработивиште, делчевско, како и во едно училиште во Македонска Каменица. Едукациите ги реализираше Нејат Демировски од ПХУРТ – Делчево.

Прочитај повеќе...
 
Со новите едукации во Куманово се опфатија 6 училишта Испечати Е-пошта
4.11.2008.
kumanovo-intro-mala.png Во октомвриската фаза од спроведувањето на едукациите за безбедно користење на интернет од страна на децата, беа опфатени вкупно 6 училишта, 4 во кои наставата се изведува на македонски јазик и 2 во кои наставата се изведува на албански. Во четирите македонски училишта едукациите ги изведоа Маргарита Аврамовска и Зоран Стефановски, додека за албанските задолжен беше Реџаиљ Али.


Прочитај повеќе...
 
Едукации за безбедно користење на интернет и во Велес Испечати Е-пошта
3.11.2008.
veles-intro-mala.png
На 21-ви и 22-ри октомври, едукации за безбедно користење се одржаа и во градот Велес. За разлика од другите градови каде се одржуваа вакви едукации и во текот на минатата учебна година, овде се одржаа за прв пат. Беа опфатени 4 училишта, две основни и две средни. Едукациите ги спроведоа координаторите на проектот Ирина Шумадиева од Метаморфозис и Татјана Јаневска од Меѓаши.


Прочитај повеќе...
 
Едукации за безбедно користење на интернет во Тетово Испечати Е-пошта
3.11.2008.
Kiril-i-Metodij-1-mala.png
 
Во октомври беа спроведени нови едукации за безбедно користење на интернет од страна на децата во 3 тетовски училиште. Едукациите ги спроведе Џаније Исеини, соработник во проектот. Беа опфатени двете основни училишта „Лириа“ и „Кирил и Методиј“, како и средното економско училиште „8 септември“.

Прочитај повеќе...
 
Едукации за безбедно користење на интернет во СУГС „Владо Тасевски“ Испечати Е-пошта
24.10.2008.
tasevski-intro-mala.png На 21 октомври, беа одржани едукации за безбедно користење на интернет во средното училиште „Владо Тасевски“ во Скопје. Се реализираа вкупно 8 едукации од кои 6 за ученици и по 1 за наставници и родители. Со осумте едукации беа опфатени 158 ученици, 23 наставници и 20 родители. Едукациите ги реализираше Елена Стојановска од Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Прочитај повеќе...
 
Нови едукации за безбедност на интернет во Битола Испечати Е-пошта
24.10.2008.
bitola-intro-mala.png
Средното училиште „Таки Даскало“ и основното „Коле Канински“ беа опфатени со едукации за безбедно користење на интернет од страна на децата во текот на овој месец. Во средното училиште се одржаа 4 едукации и тоа 3 за средношколците и 1 за наставниците, додека за родителите едукација не се одржа. Во основното училиште се одржаа сите 5 предвидени едукации.

Прочитај повеќе...
 
Едукации во ОУ „Јан Амос Коменски“ Испечати Е-пошта
24.10.2008.
komenski-intro-mala.png
 
Во текот на минатата недела, од 13-ти до 15-ти октомври се реализираа едукациите за безбедно користење на интернет од страна на учениците во основното училиште „Јан Амос Коменски“ во Скопје.  Едукациите ги реализираше Ирина Шумадиева од Метаморфозис.         

Прочитај повеќе...
 
Завршени едукациите и во Охрид Испечати Е-пошта
23.10.2008.
ohrid-novi-intro.png
 
Уште 4 училишта во Охрид беа опфатени со едукации за безбедно користење на интернет во текот на изминатите 2 недели. За разлика од едукациите спроведени во текот на минатата учебна година, овој пат се презентираше само на македонски јазик. Едукациите ги реализираа Марија Пупиноска Гогова и Катерина Ситникоска.

Прочитај повеќе...
 
Во Штип, едукации за безбедно користење на интернет уште во две основни училишта Испечати Е-пошта
22.10.2008.
Toso-Arsov-intro-mala.png
 
Минатата недела во Штип беа реализирани 10 нови едукации за безбедно користење на интернет од страна на децата. По 5 едукации се реализираа во основните училишта „Гоце Делчев“ и „Тошо Арсов“. Едукациите ги спроведоа Гоце Коцески и Душан Миланов.

Прочитај повеќе...
 
Спроведени новите едукации во Прилеп Испечати Е-пошта
21.10.2008.
prilep-novi-intro-mala.png
 
Од 9 до 14 ноември, во основното училиште „Климент Охридски“ во Прилеп се реализираа 5 едукации за безбедно користење на интернет од страна на децата. Едукациите ги спроведе Талија Бабоска од Центарот за граѓанска иницијатива.

Прочитај повеќе...
 
Спроведени новите едукации во ОУ „11 Октомври“ Испечати Е-пошта
10.10.2008.
deca-11-oktomvri-novi-5-mala.png
 
Во рамките на новиот циклус едукации на тема: „безбедно на интернет“, успешно беше завршена првата серија од 6 едукации кои се реализираа во основното училиште „11 Октомври“ во Скопје. Презентациите се изведоа на македонски јазик, а во улога на едукатор беше Ирина Иванова, професор во училиштето.


Прочитај повеќе...
 
Излезе водичот „безбедно на интернет“ за родители и наставници Испечати Е-пошта
6.10.2008.
vodici.png
 
 
Излезе петтиот по ред водич на фондацијата Метаморфозис, насловен „безбедно на интернет“, а наменет пред се на родителите, иако корисен и за наставниците во училиштата, како и за новинарите како претставници на медиумите.

Прочитај повеќе...
 
Нови едукации за безбедно користење на интернет од страна на децата Испечати Е-пошта
6.10.2008.
Од денес, официјално започнува новиот циклус едукативни презентации за безбедно користење на интернет од страна на децата, наменети, покрај за нив, и за нивните родители и наставници во основните и средните училишта во Македонија.

Прочитај повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 Следна > Крај >>

Резултати 16 - 30 од 58
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates