Насловна
Едукации во општина Кисела Вода
12.11.2008.
kuzman-za-intro-mala.png Во месец октомври, беа реализирани голем број едукации за децата и наставниците во училиштата кои спаѓаат под општината Кисела Вода. Исто така, како резултат на добрата соработка со општината, се реализираше и една масовна едукација за родителите на учениците кои учат во овие училишта, што пак беше повод за свикување на претставници од медиумите, со цел и тие подобро да се запознаат со темата и сработеното во рамките на проектот.

Прочитај повеќе...
 
Средба со едукаторите во проектот CRISP
12.11.2008.
sredba-1-mala.png
 
На 1-ви овој месец, се одржа средба со едукаторите и со некои од останатите соработници вклучени во проектот. Целта на средбата беше да се разменат размислувања и искуства од одржаните едукации, како и да се предложат нови идеи за продолжување со активности за подигнување на јавната свест за проблематиката.

Прочитај повеќе...
 
Извештај од новите реализирани едукации од страна на „Отворете ги прозорците“
10.11.2008.
otw-intro-mala.png
Во октомври, кон процесот на едукација и подигнување на свеста за побезбедно користење на интернетот, помеѓу децата, родителите и наставниот кадар, се приклучија и две претставнички од „Отворете ги прозорците“ кои работеа во улога на едукатори: Радмила Стојковска и Маргарита Гулевска. Тие ги опфатија двете скопски основни училишта: „Димо Хаџи Димов“ и „Лазо Трповски“.

Прочитај повеќе...
 
Уште 3 училишта во Кавадарци добија едукација за внимателно користење на интернетот
6.11.2008.
kavadarci-intro-mala.png
Гимназијата „Добри Даскалов“, како и основните училишта „Тоде Хаџи-Тефов“ и „Димката Ангелов - Габерот“ во Кавадарци, се здобија со едукација за вешто, внимателно и безбедно користење на интернетот во текот на изминатиот месец. Беа опфатени голем број на ученици во сите училишта. Работата на едукатор, како и во првата фаза, и овој пат ја имаше Гордана Богева.

Прочитај повеќе...
 
Едукации во Делчево и Македонска Каменица
4.11.2008.
delcevo-intro-mala.png
 
Во октомври, се реализираа едукации за безбедно користење на интернет од страна на децата во едно делчевско училиште, едно во селото Тработивиште, делчевско, како и во едно училиште во Македонска Каменица. Едукациите ги реализираше Нејат Демировски од ПХУРТ – Делчево.

Прочитај повеќе...
 
Со новите едукации во Куманово се опфатија 6 училишта
4.11.2008.
kumanovo-intro-mala.png Во октомвриската фаза од спроведувањето на едукациите за безбедно користење на интернет од страна на децата, беа опфатени вкупно 6 училишта, 4 во кои наставата се изведува на македонски јазик и 2 во кои наставата се изведува на албански. Во четирите македонски училишта едукациите ги изведоа Маргарита Аврамовска и Зоран Стефановски, додека за албанските задолжен беше Реџаиљ Али.


Прочитај повеќе...
 
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates