|
Tuesday, 10 November 2009 |
 Интернетот сам по себе ни овозможува многу работи и пред да ја прочиташ приказната треба добро да го знаеш тоа и да не дозволуваш некој да ти кажува дека е поинаку. Сепак, тоа не значи дека е сосема безбедно место каде ништо не може да ни се случи. Како што ги избегнуваш опасностите на улица и внимаваш на себеси, исто така треба да внимаваш и додека си онлајн. Непријатни ситуации и лоши луѓе има секаде, па и во виртуелниот свет. Еве една вистинска случка која ја раскажува едно дете од Македонија.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 10.11.2009, вторник
|
|
Lexoni përmbajtjen...
|
|
|
Thursday, 05 November 2009 |
Интернетот е одлично место за информирање, дружење и забава, но истовремено е и извор на бројни опасности. Следните четири правила ќе ти помогнат да бидеш безбеден додека користиш интернет:
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 06.10.2008, вторник
|
|
Lexoni përmbajtjen...
|
|
|
Monday, 20 July 2009 |
 Повеќе од 250 милиони луѓе од целиот свет, меѓу кои 250 илјади
македонци, ја користат најпопуларната друштвена мрежа Facebook која
овозможува на лесен начин да се поврземе и да комуницираме со
пријателите, да споделуваме фотографии, видеа, линкови и сл. Но многу
мал број од тие луѓе обрнуваат внимание на својата приватност и на тоа
кој се има пристап до нивните лични податоци, воглавно од незнаење како
да го регулираат пристапот до тие информации. За подобро да бидете
заштитени, IT.com.mk го објавува овој водич кој детално ќе ви ги
презентира опциите кои администрацијата на Facebook ги нуди на своите
корисници. ( Прочитај го водичот)
Автор: Дамјан Арсовски
|
|
|
Thursday, 30 April 2009 |
|
Битолчанец уценувал малолетничка да му сними порно клип и со тоа да си
го исплати наводниот долг што девојчето го имало кон него.
Битолската
полиција поднесе кривична пријава против М.С. (22) од село Света-Демир
Хисар за сторено кривично дело "прикажување на порнографски материјал
на дете". Во март 2009 година, пријавениот ја принудил Х.Н. (16) од
село Единаковци, со нејзиниот телефон да сними сопствен видео клип со
порнографска содржина, како надомест за паричен долг што Х.Н. наводно
го имала кон истиот. По ова, пријавениот го префрлил видео клипот на
неговиот телефон и го препратил на повеќе лица.
|
|
|
Friday, 24 April 2009 |
Владата на канцеларот Ангела Меркел
вчера одобри нов закон, со кој на сите интернет-провајдери во Германија
им се наредува да ги блокираат сајтовите со детска порнографија.
Текстот треба да оди на одобрение во парламентот, што не би требало да
биде проблем, бидејќи коалицијата на Меркел ги контролира и двата дома
на парламентот, забележуваат агенциите. Според правилото, сите
провајдери што имаат над 10 илјади корисници, треба да ги блокираат
сајтовите... (прочитај ја веста - „Шпиц“)
|
|
|
Wednesday, 25 March 2009 |
 Мајкрософт
неодамна го пушти во употреба новиот Windows Live Messenger наменет за деца. Истиот има интерфејс на
германски јазик, а најава за негова достапност на други јазици сè уште нема. Повеќе
за можностите на самата програма можете да прочитате во веб изданието на додатокот
„Колибри“, кој излегува секој вторник во дневниот весник „Нова Македонија“.
|
|
|
<< Fillim < E mërparshme 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Tjetra > Fund >>
|
| Rezultatet 37 - 42 nga 91 |