|
Friday, 22 January 2010 |
 Веројатно веќе ја имаш прочитано приказната за Џереми – момчето од Австралија кое мислејќи дека стекнатиот онлајн пријател е негов врсник, се доведе во многу опасна ситуација, која за среќа навреме беше сопрена од австралиската полиција. Во денешниот број, прочитај за втората мерка за зголемување на безбедноста на децата на интернет, што ја предлага австралиската влада, која ти треба да ја предложиш во твоето училиште. Потсети се и на првата мерка, која беше опишана во минатото издание на „Колибри“.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 02.02.2010, вторник
|
|
Lexoni përmbajtjen...
|
|
|
Friday, 22 January 2010 |
 Во минатиот број на „Колибри“, раскажавме една вистинска случка за момче од Австралија кое било заведено од непозната возрасна личност преку интернет, а која се претставувала како негов врсник. Ако ја пропушти приказната тогаш, истата можеш да ја најдеш на www.crisp.org.mk, како и во онлајн изданието на „Колибри“ , а во овој број, како што ветивме, ќе можеш да прочиташ за мерките и предлозите кои ги изнесува австралиската влада во проектот за заштита на децата од интернет опасностите.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 12.01.2010, вторник
|
|
Lexoni përmbajtjen...
|
|
|
Friday, 22 January 2010 |
 Иако интернетот можеш да го користиш за многу интересни и корисни работи како што се добивање информации за твоите училишни проекти, комуницирање со твоите блиски пријатели, онлајн учење, играње забавни видео игри и многу други работи, сепак треба да имаш на ум дека не секој се однесува морално и етички кога е онлајн. Треба да внимаваш каде и какви информации оставаш за себе и да бидеш претпазлив кога комуницираш во т.н. „соби за муабетење“ – да знаеш кому му се доверуваш, бидејќи личноста зад другиот монитор не секогаш е онаа која ти се претставува.
Следнава вистинска приказна зборува токму за лажното претставување во „собите за муабетење“, каде што грешката на едно малолетно момче можела да доведе до катастрофални последици.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 05-07.01.2010, вторник-четврток
|
|
Lexoni përmbajtjen...
|
|
|
Thursday, 14 January 2010 |
 Интернетот е неисцрпен извор за сите наши потреби, желби и интереси, оние за кои знаеме и оние за кои не сме ни свесни. Сепак, често претставува проблем да се најде вистинското нешто во вистинскиот момент и за кратко време. Барајќи забавни и интересни содржини, можеме случајно да налетаме на порнографски, расистички, безобразни или друг тип на несоодветни и вознемирувачки содржини. Не срами се ако ти се случи ова, туку веднаш кажи им на родителите, тие ќе знаат што треба да направат. А за да бидеш сигурен дека вакво нешто нема да ти се случи, посетувај
само претходно препорачани извори на содржини за деца.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 29.12.2009, вторник
|
|
Lexoni përmbajtjen...
|
|
|
Tuesday, 22 December 2009 |
Понекогаш и добронамерните постапки можат да бидат навредливи за луѓето. Сигурно некогаш ти се случило да сакаш некому да му направиш услуга, да му дадеш совет или да го изненадиш со некоја, според тебе, добра вест, а тоа да биде сосема поинаку доживеано. Вакви работи се случуваат и на Интернет. Еве еден вистински случај од Македонија кој зборува за тоа.
Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 22.12.2009, вторник
|
|
Lexoni përmbajtjen...
|
|
|
Friday, 18 December 2009 |
 Во услови кога децата се секојдневно бомбардирани со информации и слики од разновидни и многубројни медиуми многу е важно да знаеме што децата прават со медиумите. За таа цел со анкетирање на намерен примерок од 212 родители на деца на возраст од две до шест години од Аеродром, Карпош, Чаир и Сопиште го истражував пристапот на малите деца до медиумската технологија во домот, фреквенцијата и времето на изложеност и навиките за користење на електронските медиуми. ( Прочитај го постот за истражувањето)
Истражувач: Викторија Димитровска
Автор на пост: Дарко Булдиоски
Датум на објавување: 17.12.2009
Извор: Комуникации
|
|
|
<< Fillim < E mërparshme 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Tjetra > Fund >>
|
| Rezultatet 25 - 30 nga 91 |