Në fillim
Средба со едукаторите во проектот CRISP
e mërkurë , 12 nëntor 2008
sredba-1-mala.png
 
На 1-ви овој месец, се одржа средба со едукаторите и со некои од останатите соработници вклучени во проектот. Целта на средбата беше да се разменат размислувања и искуства од одржаните едукации, како и да се предложат нови идеи за продолжување со активности за подигнување на јавната свест за проблематиката.

Lexoni përmbajtjen...
 
Извештај од новите реализирани едукации од страна на „Отворете ги прозорците“
e hënë , 10 nëntor 2008
otw-intro-mala.png
Во октомври, кон процесот на едукација и подигнување на свеста за побезбедно користење на интернетот, помеѓу децата, родителите и наставниот кадар, се приклучија и две претставнички од „Отворете ги прозорците“ кои работеа во улога на едукатори: Радмила Стојковска и Маргарита Гулевска. Тие ги опфатија двете скопски основни училишта: „Димо Хаџи Димов“ и „Лазо Трповски“.

Lexoni përmbajtjen...
 
Уште 3 училишта во Кавадарци добија едукација за внимателно користење на интернетот
e enjte , 06 nëntor 2008
kavadarci-intro-mala.png
Гимназијата „Добри Даскалов“, како и основните училишта „Тоде Хаџи-Тефов“ и „Димката Ангелов - Габерот“ во Кавадарци, се здобија со едукација за вешто, внимателно и безбедно користење на интернетот во текот на изминатиот месец. Беа опфатени голем број на ученици во сите училишта. Работата на едукатор, како и во првата фаза, и овој пат ја имаше Гордана Богева.

Lexoni përmbajtjen...
 
Едукации во Делчево и Македонска Каменица
e martë , 04 nëntor 2008
delcevo-intro-mala.png
 
Во октомври, се реализираа едукации за безбедно користење на интернет од страна на децата во едно делчевско училиште, едно во селото Тработивиште, делчевско, како и во едно училиште во Македонска Каменица. Едукациите ги реализираше Нејат Демировски од ПХУРТ – Делчево.

Lexoni përmbajtjen...
 
Со новите едукации во Куманово се опфатија 6 училишта
e martë , 04 nëntor 2008
kumanovo-intro-mala.png Во октомвриската фаза од спроведувањето на едукациите за безбедно користење на интернет од страна на децата, беа опфатени вкупно 6 училишта, 4 во кои наставата се изведува на македонски јазик и 2 во кои наставата се изведува на албански. Во четирите македонски училишта едукациите ги изведоа Маргарита Аврамовска и Зоран Стефановски, додека за албанските задолжен беше Реџаиљ Али.


Lexoni përmbajtjen...
 
Едукации за безбедно користење на интернет и во Велес
e hënë , 03 nëntor 2008
veles-intro-mala.png
На 21-ви и 22-ри октомври, едукации за безбедно користење се одржаа и во градот Велес. За разлика од другите градови каде се одржуваа вакви едукации и во текот на минатата учебна година, овде се одржаа за прв пат. Беа опфатени 4 училишта, две основни и две средни. Едукациите ги спроведоа координаторите на проектот Ирина Шумадиева од Метаморфозис и Татјана Јаневска од Меѓаши.


Lexoni përmbajtjen...
 
<< Fillim < E mërparshme 1 2 3 4 5 6 7 8 9 Tjetra > Fund >>

Rezultatet 13 - 18 nga 53
Powered by Joomla!   Implementation by Metamorphosis
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates