Насловна
Трибина: Безбедно на интернет во Кавадарци
22.04.2010.
На 20 април, во салата на собранието на општина Кавадарци се одржа трибина на тема: Безбедно на интернет, од страна на локалната полициската станица, подржана од ОБСЕ. На трибината присуствуваа по 10-ина ученици од сите основни и средни училишта во општината на возраст 12-17 години, директорите и стручните служби од училиштата, советници од Бирото за развој на образованието, претставници на невладини организации и медиуми, како и уредници на локални веб-страници кои пишуваат за ноќниот живот во Кавадарци.

Гордана Богева, член на мрежата составена од обучени претставници на училишта и НВОи од Македонија, формирана во рамките на проектот „Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет“ одржа  едукативна презентација на темата.
 
Вистинска случка од Македонија: Навреди за физички изглед преку група на Фејсбук
14.04.2010.
2.21-vistinska-sluchka-od-makedonija---navredi-za-fizichki-izgled-preku-grupa-na-fejsbuk-intro.png


Злоупотребите и нарушувањето на приватноста преку Фејсбук никако да престанат. Напротив, креативноста и идеите на луѓето за да прават злобни работи се повеќе се зголемуваат. Случки од ваков тип не ја заобиколуваат ниту нашата земја. Во продолжение прочитај ја приказната за малолетното девојче кое било навредувано преку Фејсбук од страна на друга тинејџерка од истото училиште.

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 13.04.2010, вторник

Прочитај повеќе...
 
Виртуелен свет за истражување и забава
6.04.2010.
2.20-virtuelen-svet-za-istrazuvanje-i-zabava-intro.png Поптропика е виртуелен свет за деца кој овозможува истражување и играње во  комплетно безбедна средина. Секој месец, милиони деца од целиот свет се забавуваат и се информираат преку потрагите, приказните и игрите во поптропика. Ако сонуваш да патуваш насекаде низ светот, постојано да дознаваш нови нешта и да доживуваш возбудливи авантури, овој сајт може да биде одлично место за тебе, каде ќе можеш да го поминуваш слободното време.

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 06.04.2010, вторник

Прочитај повеќе...
 
Вистинска случка за сајбер насилство: Уништено пријателство
30.03.2010.
2.19-vistinska-sluchka-za-sajber-nasilstvo---unishteno-prijatelstvo-intro.png Не напразно велиме дека личните податоци се само за себе и дека треба да внимаваме со кого ги споделуваме и за каква цел. Кога станува збор пак за лозинките, нема двоумење – тие се само за тебе, не треба да ги кажуваш ниту на најдобриот другар или другарка. Еве зошто...

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 30.03.2010, вторник

Прочитај повеќе...
 
Вистинска случка од Македонија: Злоупотребена фотографија во порнографски контекст
24.03.2010.
2.18-vistinska-sluchka-od-makedonija---zloupotrebena-fotografija-vo-pornografski-kontekst--intro.png
Фотографијата е личен податок кој открива многу. Доколку се злоупотреби на интернет, може да има многу непријатни последици за личноста која се наоѓа на фотографијата. Еден вистински случај за ваков тип на злоупотреба е раскажан во следнава приказна.

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 23.03.2010, вторник

Прочитај повеќе...
 
Вистинска случка: Од онлајн љубовна средба до лажно киднапирање
16.03.2010.
2.17-vistinska-sluchka---od-onlajn-ljubovna-sredba-do-lazhno-kidnapiranje-intro.png
Не секогаш можеме да ги знаеме вистинските намери на луѓето, особено не на оние кои ги познаваме само од виртуелните средини. Денешната приказна зборува за момче кое искористувајќи ја наивноста и невнимателноста на едно девојче на интернет, создава лажна блискост и пријателство со цел да заработи пари.

Објавено во: Колибри, Нова Македонија
Датум на објавување: 16.03.2010, вторник

Прочитај повеќе...
 
Политика на приватност   Техничка имплементација - Фондација Метаморфозис
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates