Насловна
Добрeдојдовте!
12.06.2004.
Добрeдојдовте на веб-сајтот Безбедно на интернет или CRISP (Children’s Rights on the Internet – Safe and Protected)! Создаден е да придонесе кон поголема безбедност и заштита на правата и приватноста на децата на интернет. Сајтот е дел од проектот Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет (или скратено CRISP) кој го спроведува Фондација Метаморфозис со финансиска поддршка од Европската унија.

Овој веб-сајт содржи голем број корисни нешта за децата и тинејџерите, нивните родители и наставници. Тука ќе најдете совети и насоки за безбедно уживање во благодетите на интернетот, општи информации за интернетот како медиум, можностите што ги нуди, опасностите што со себе ги носи и начините како да се заштитиме од нив.

Содржините на овој веб-сајт се прилагодени на корисници од различни нивоа (од оние кои што имаат минимално познавање од интернетот, до оние кои се негови редовни корисници) како и на различни возрасни категории (деца од основно училиште, тинејџери и возрасни).

 
Злоупотреба на деца преку интернет
25.08.2008.
prilog-vo-a1.png
Во вечерните вести на А1 телевизија од 24.08.2008 имаше прилог за детската безбедност на интернет. Прочитајте ја сторијата или појдете директно да го погледнете видеото. Прилогот го подготви Емилија Јовановска.
 
Во Куманово едукации за безбедно користење на интернетот одржани и на албански јазик
31.07.2008.
kumanovo-albanski-intro-mala.png Покрај двете македонски училишта во Куманово, кои беа опфатени со едукации за безбедно користење на интернет, во овој град се одржаа едукации и за учениците, нивните родители и наставниците од две училишта во кои наставата се изведува на албански јазик. Едукациите се спроведоа во основното училиште „Бајрам Шабани“ и во средното техничко училиште „Наце Буѓони“. Истите ги реализираше Али Реџаил во втората половина на месец мај.


Прочитај повеќе...
 
Одржани едукациите за безбедност на интернет и во Битола
31.07.2008.
bitola-intro-mala.pngМладинскиот културен центар од Битола реализираше серија едукативни средби за безбедно користење на интернетот од страна на децата кон крајот на изминатата учебна година. Беа опфатени средното училиште „Ѓорѓи Наумов“ и основното „Ѓорѓи Сугарев“. Едукациите се спроведоа на македонски јазик од страна на Дејан Додовски, но помогнаа и Ивона Крстевска и Александар Тодоровски. Со содржината на едукациите се запознаа вкупно 186 ученици од двете училишта, само 6 професори и 8 волонтери од центарот.

Прочитај повеќе...
 
Уште 4 скопски училишта опфатени со проектот за безбедно користење на интернет од страна на децата
10.07.2008.
lazo-3-mala.png Со едукации за безбедно користење на интернет беа опфатени вкупно 8 училишта од Скопје, од кои во 2 наставата се изведува на албански јазик, а во останатите 6 на македонски. Од сите нив, во 3 едукацијата ја спроведоа обучените претставници од „Отворете ги прозорците“, во 2 - претставници од „Младинскиот образовен форум“ (МОФ) од Скопје, додека за останатите 3 училишта одговорноста ја имаше првата Детска амбасада во светот – „Меѓаши“.
Прочитај повеќе...
 
Онлајн промоција на проектот помеѓу земјите од Источна Европа
11.07.2008.
canee.png Интерактивниот центар за професионалци кои работат во полето на превенција од злоупотреба и негрижа на деца и интервенција за помош во таа насока во Источна Европа, неодамна објави информација за проектот „Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет“.

Веб-сајтот е формиран во 2001 година со финансиска помош од „Институтот Отворено Општество“, а остварува соработка со Првата детска амбасада во светот – „Меѓаши“, благодарение на која се презентираат информации на темата кои се однесуваат на Македонија.
 
Powered by Joomla!   Implementation by Metamorphosis
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates