Насловна
Добрeдојдовте!
12.06.2004.
Добрeдојдовте на веб-сајтот Безбедно на интернет или CRISP (Children’s Rights on the Internet – Safe and Protected)! Создаден е да придонесе кон поголема безбедност и заштита на правата и приватноста на децата на интернет. Сајтот е дел од проектот Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет (или скратено CRISP) кој го спроведува Фондација Метаморфозис со финансиска поддршка од Европската унија.

Овој веб-сајт содржи голем број корисни нешта за децата и тинејџерите, нивните родители и наставници. Тука ќе најдете совети и насоки за безбедно уживање во благодетите на интернетот, општи информации за интернетот како медиум, можностите што ги нуди, опасностите што со себе ги носи и начините како да се заштитиме од нив.

Содржините на овој веб-сајт се прилагодени на корисници од различни нивоа (од оние кои што имаат минимално познавање од интернетот, до оние кои се негови редовни корисници) како и на различни возрасни категории (деца од основно училиште, тинејџери и возрасни).

 
Ниту Кумановските села не останаа без едукација
14.11.2008.
kumanovsko-intro-mala.png
 
5 кумановски села беа опфатени со едукации за безбедно користење на интернет, во текот на минатиот месец. Селата: Опае, Слупчане, Матејче, Лопате и Отла дознаа за безбедносните проблеми при користење на интернет од страна на Арбен Ибраими кој реализираше по 5 едукации во по 1 училиште од секое од селата.

Прочитај повеќе...
 
Уште 5 други скопски училишта добија едукации
13.11.2008.
uste-5-novi-ucilista-mala.png
 
Помеѓу скопските училишта опфатени со едукација во месец октомври, беа и основните: „Љубен Лапе“, „Христијан Тодоровски Карпош“, „26 јули“ и „Јоаким Крчоски“, како и средното „Георги Димитров“. Едукатори кои независно работеа во овие училишта беа Татјана Јаневска, Ирина Шумадиева и Насер Мифтари.

Прочитај повеќе...
 
Едукации во општина Кисела Вода
12.11.2008.
kuzman-za-intro-mala.png Во месец октомври, беа реализирани голем број едукации за децата и наставниците во училиштата кои спаѓаат под општината Кисела Вода. Исто така, како резултат на добрата соработка со општината, се реализираше и една масовна едукација за родителите на учениците кои учат во овие училишта, што пак беше повод за свикување на претставници од медиумите, со цел и тие подобро да се запознаат со темата и сработеното во рамките на проектот.

Прочитај повеќе...
 
Средба со едукаторите во проектот CRISP
12.11.2008.
sredba-1-mala.png
 
На 1-ви овој месец, се одржа средба со едукаторите и со некои од останатите соработници вклучени во проектот. Целта на средбата беше да се разменат размислувања и искуства од одржаните едукации, како и да се предложат нови идеи за продолжување со активности за подигнување на јавната свест за проблематиката.

Прочитај повеќе...
 
Извештај од новите реализирани едукации од страна на „Отворете ги прозорците“
10.11.2008.
otw-intro-mala.png
Во октомври, кон процесот на едукација и подигнување на свеста за побезбедно користење на интернетот, помеѓу децата, родителите и наставниот кадар, се приклучија и две претставнички од „Отворете ги прозорците“ кои работеа во улога на едукатори: Радмила Стојковска и Маргарита Гулевска. Тие ги опфатија двете скопски основни училишта: „Димо Хаџи Димов“ и „Лазо Трповски“.

Прочитај повеќе...
 
Powered by Joomla!   Implementation by Metamorphosis
Joomla Templates by JoomlaShack Joomla Templates